Брнабиќ: Се плашам од ескалација на северот на Косово

Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ за РТС изјави дека Србите на северот на Косово и Метохија се на барикадите затоа што бараат основни човекови права и ништо повеќе. Таа посочува дека се плаши од ескалација, но дека ќе направат се за да го зачуваме мирот и некаква стабилност. Таа вели и дека е длабоко разочарана од реакцијата на меѓународната заедница.

Ана Брнабиќ вели дека Србите во Косово и Метохија можат да ги слушнат Брисел и Вашингтон само кога се на барикадите, но и тогаш не баш добро.

Advertisements

„Србите во Косово и Метохија се на барикадите затоа што бараат основни човекови права, но навистина основни човекови права и ништо повеќе“, изјави Брнабиќ за РТС.

Посочува дека и тие ги напуштиле институциите само затоа што барале по повеќе од десет години почитување на Бриселскиот договор.

„На крајот на краиштата, тие се во тие институции благодарение на тој Бриселски договор, па кога Албин Курти вели дека нема Бриселски договор за него, тогаш не знам точно што е проблемот што Србите не се во институциите“, додава Брнабиќ.

Кога станува збор за меѓународната заедница, премиерката на Србија истакнува дека е длабоко разочарана од нивното разбирање за човековите права, основните демократски вредности, како и од одговорот на серијата провокации на Албин Курти кон Србите и другите неалбанци во Косово.