Илон Маск го собори светскиот рекорд за најголема загуба на лично богатство во историјата

Илон Маск ја започна 2023 година со соборување светски рекорд, но тоа е нешто со кое не треба да се пофали, имено, тој го собори светскиот рекорд за износот на најголемото изгубено богатство во историјата.

Гинисовата книга на рекорди потврди дека основачот на „Тесла“ и извршен директор на „Твитер“ изгубил толку многу пари во претходната година што тоа било рекорд. Пред тоа, Форбс процени дека Маск изгубил 183 милијарди долари, додека Блумберг оваа проценка ја стави на 200 милијарди долари.

Advertisements

Пред загубата на Маск, рекордер за најголемо изгубено лично богатство беше Масајоши Сон, кој загуби 58,6 милијарди американски долари во 2000 година.

Богатството на Маск го достигна врвот во ноември 2021 година кога достигна 340 милијарди евра, но акциите на „Тесла“ почнаа да паѓаат минатата година, паѓајќи за дури 65%, сето тоа откако Маск го купи „Твитер“ во октомври.

Како резултат на сето ова, богатството на Маск се проценува на 144,4 милијарди долари и тој повеќе не е најбогатиот човек на светот, туку Бернард Арно, претседателот и извршен директор на компанијата која е сопственик на Луј Витон.