Заев со реакција за „Таргет-Тврдина“ – Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ?

Стотици илјади граѓани со години се боревме да ги срушиме алчните арамии од режимот и успеавме, сега некој се исмева со таа борба и се обидува да ја ништи освоената правда, реагираше на својот Фејсбук профил поранешниот премиер Зоран Заев, откако Апелацискиот суд го врати на повторно судење случајот „Таргет-Тврдина“.

„Стотици илјади граѓани со години се боревме да ги срушиме алчните арамии од режимот и успеавме. Сега, некој се исмева со таа борба и се обидува да ја ништи освоената правда.

Advertisements

Со двете поништени пресуди, директно се упатува на враќање, а со тоа и повторување на грозоморните дејствија на режимската врхушка и секако се мотивираат и други чинители да прават исти вакви грозоморни дејствија со кои се газат масовно човекови права и сите вредности за кои се бореше целиот македонски народ пред само неколку години преку Шарената револуција.

Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам.

Ги повикувам сите надлежни од и околу правосудството, сите со грам одговорност за иднината на нашата земја и нашиот народ, да не дозволат да застарат делата на Мијалков и да направат сѐ виновниците да одговараат бидејќи за нивните злодела има докази чисти како ден“, пишува Заев.