Ликвидиран иранскиот министер за разузнавање Есмаил Хатиб

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека иранскиот министер за разузнавање, Есмаил Хатиб, бил убиен во ноќен напад.

Според неговите зборови, нападот е дел од засилените воени активности на Израел против Иран и либанската организација Хезболах.

„Денес се очекуваат значајни изненадувања на сите фронтови, кои дополнително ќе ја ескалираат војната што ја водиме против Иран и Хезболах во Либан“, изјави Кац за време на брифинг со воени претставници, пренесуваат израелските медиуми.

Тој додаде дека интензитетот на израелските напади врз Иран се зголемува, при што, како што тврди, „иранскиот министер за разузнавање Хатиб бил ликвидиран во текот на ноќта“.

Кац исто така откри дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му дал овластување на војската да ликвидира „секој висок ирански функционер, без потреба од дополнително одобрување“.

Оваа информација доаѓа само еден ден откако Иран потврди дека загинале неговиот шеф за безбедност, Али Лариџани, како и командантот на Басиж силите, Голамреза Солејмани.

Advertisements

Засега нема официјална потврда од иранска страна за наводната ликвидација на министерот Хатиб.