Рускиот тајкун и пратеник од партијата Единствена Русија, Павел Антов (65) загинал откако паднал од прозорец во хотел во индискиот град Рајагада. Тој бил пронајден во локва крв пред хотелот.
Би-Би-Си пренесува дека рускиот конзул во Индија Алексеј Идамкин изјавил за агенцијата Тас дека полицијата досега „не нашла криминален елемент во овој трагичен настан“.
Сепак, смртта на милионерот, кој го прослави својот роденден во хотелот, е последната во низата мистериозни смртни случаи на руски тајкуни од почетокот на руската инвазија на Украина. Некои од нив отворено ја критикуваа таа војна.
Пријателот на пратеникот, Владимир Буданов (61) со кој заедно бил во Индија, почина два дена претходно, а според наодите на полицијата станува збор за срцев удар, наведе Би-Би-Си.
Павел Антов ја основа фабриката за преработка на месо „Владимир Стандард“, а во 2019 година магазинот Форбс го процени неговото богатство на околу 140 милиони долари.
Advertisements
Антов ја критикуваше актуелната војна во Украина, и во јуни ги нарече воздушните напади на Киев руски „терор“ кој рани украински цивили“, наведува Би-Би-Си.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Парите од унгарскиот кредит ќе легнат на сметката на Развојната банка, а ќе бидат достапни...
Се очекува уште едно намалување на цените на храната
Димитриевска - Кочовска: Успеавме да го задржиме кредитниот рејтинг и покрај сите оставени...
(ВИДЕО) Поплавите во БиХ однесоа 20 животи, најкритично е во Јабланица, куќите се под вода
Тројца лекари загинаа во страотна сообраќајка на патот Прилеп - Битола