„Прв ќе загинам, но нашиот народ не го давам“ – Вучиќ побарал благослов од патријархот Порфириј за одбрана на Србите

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа се сретнал со српскиот патријарх Порфириj, а како што јавуваат медиумите, разговарале за ситуацијата на Косово.

Тој од него побарал благослов за одбрана на српскиот народ на Косово, пренесува Косово онлајн.

Advertisements

Српскиот патријарх Порфириј во понеделникот беше вратен од административниот премин Мердаре.

 

Главниот уредник на Информер, Драган Ј. Вучиќевиќ, на Твитер објави што им порачал наводно Вучиќ на Србите на барикадите.

– Запомнете, се вика Александар Вучиќ и вечерва во Рашка им порача на Србите дека прв ќе загине, но нашиот народ нема да го даде. Има луѓе кои живеат за Србија, а не за себе – напиша Вучиќевиќ на Твитер.

Вучиќ претходно на Инстаграм објави дека ќе ги преземе „сите мерки за да го заштити српскиот народ“.

– Правиме се да ги зачуваме мирот и стабилноста. За жал, не сакаа да не слушнат или не беа премногу заинтересирани да не слушнат. Се наоѓаме во тешка ситуација, но ќе дадеме се од себе и ќе се грижиме на секој начин како да ги зачуваме мирот и стабилноста и не само тоа, како да го заштитиме нашиот народ на северот на Косово и Метохија – рече Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.