Можна е сеопфатна војна на Блискиот Исток предупредува американскиот претседател Бајден

Можна е сеопфатна војна на Блискиот Исток, изјави американскиот претседател Џо Бајден за Еј Би Си, откако Израел ја стави војската на готовс за влегување во Либан и тоа во време кога трае војната во Газа.

Сепак, Бајден остави простор и за можно решение кое може да го промени целиот тој регион.

Advertisements

Во контекст на овие изјави, светските медиуми анализираат дека не е за потценување воената моќ на Хезболах, кој според анализа на Би Би Си, има околу 150.000 ракети, беспилотни летала и проектили кои можат да стасаат до Тел Авив и до други населени места во Израел.

Хезболах неодамна објави и видео од својот подземен арсенал со закана дека проектилите ќе ги истрела кон Израел ако избие војна.