Нови апсења на екстремисти кои сакаат да го возобноват германскиот Рајх од 1871 година

Продолжува бранот апсења на германски екстремисти кои планирале државен удар и напад на зградата на парламентот на Рајхстагот, се со цел да се укине германскиот уставен поредок и да се формира држава по примерот на германскиот Рајх од 1871 година.

Последни на листата на уапсени се познат готвач, чија ќерка е девојка на фудбалерот на Реал Мадрид, Давид Алаба, и поранешен полицаец кој некогаш бил задолжен за заштита на еврејските заедници од терористички напади, пишува „Guardian“.

Advertisements

Френк Хепнер, познат готвач од Минхен, беше уапсен во средата во хотел во австрискиот ски-центар Кицбил, каде што работел, поради тоа што наводно бил член на командниот штаб на воениот огранок на терористичката група. Тој бил задолжен за регрутирање нови членови, набавка на оружје, изградба на комуникациска и ИТ структура, но и управување со мензата каде што требало да се хране „новата германска армија“.

Австрискиот дневен весник „Die Presse“ додава дека Хепнер требало да биде личен готвач на Хајнрих Ројс, потомок на кнежевското семејство кое раководи со оваа екстремистичка организација. Зетот на Хепнер, Алаба, играч на Реал Мадрид и капитен на австриската репрезентација, не сакаше да ги коментира овие настани.

Поранешниот полицаец Мајкл Фрич е уапсен со својат партнерка во близина на Хановер, северна Германија. Фрич беше суспендиран од функцијата пред две години поради учество во протести со кои се негираше постоењето на Ковид, а подоцна стана и кандидат за пратеник на Die Basis, политичката партија на движењето Querdenker, која го негира ковидот. Сега тој е осомничен дека е член на оваа екстремно десничарска група.