Оделе пешки низ пустината на екстремни жештини – аџилакот во Мека кобен за над 1.000 аџии

Египетскиот премиер Мустафа Мадбули нареди да им се одземат лиценците на 16 туристички компании и ги упати нивните менаџери на јавното обвинителство за незаконско испраќање аџии во Мека.

Повеќе од илјада муслимански аџии загинаа за време на аџилакот во Мека поради високите температури.

Advertisements

Египетскиот премиер претседаваше со состанокот на кризниот штаб инициран од претседателот Абдел Фатах Ел-Сиси, фокусиран на смртта на египетските аџии за време на аџилакот, пренесува Arab News.

Во извештајот за кој се разговараше на средбата, беше посочено дека агенциите издавале туристички визи, со што патниците не можеле да влезат во Мека преку официјалната рута.

Обидите да се заобиколи официјалниот процес се покажа дека вклучувал пешачење низ пустината и отсуство на соодветно сместување, што доведе до исцрпеност кај нерегистрираните аџии поради екстремна топлина.

Управителите на фирмите ќе бидат изведени пред суд, се наведува и во соопштението на кабинетот.