Трамп: Ќе ја нападнеме критичната инфраструктура на Иран ако не го прифатат понудениот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД ќе ја нападнат клучната инфраструктура во Иран доколку Техеран не го прифати предложениот договор, додавајќи дека им дава шанса и на мирот и на војната.

„Ако не се постигне договор, ќе ги нападнеме нивните мостови и електрани. Ако не го потпишат овој договор, целата земја ќе биде уништена”, изјави Трамп за „Фокс њуз”, повторувајќи ја својата закана дека може да ја „уништи цивилизацијата” во Иран.

Трамп нагласи дека САД сè уште нудат „фер и разумен договор”, но дека не ја исклучува употребата на сила доколку Иран ја отфрли понудата, додавајќи дека е „време да се стави крај на убиствената машинeрија на Иран”.