(ВИДЕО) Снимка од поплавен град во Украина, откако беше гранатирана брана

Министерството за одбрана на Украина објави видео од поплавениот град Нова Каховка, каде што синоќа беше уништена браната на акумулирачкото езеро на хидроцентралата.

Нова Каховка е под окупација на руските сили.

„Нова Каховка, Херсонската област. Русите ги претвораат окупираните територии на Украина во пустини, урнатини и поплавени области. Светот мора да и се придружи на Украина во ставањето крај на рускиот тероризам“, објави Министерство за одбрана на Твитер.

Advertisements

Портпаролот на Кремљ, пак, Дмитриј Песков, на редовниот дневен брифинг со новинарите рече дека Украина ја саботирала браната Каховка за да го одврати вниманието од својата неуспешна противофанзива и ги отфрли тврдењата на Киев дека Русија ја кренала браната во воздух.