Жена од Њујорк се соочува со казна до 25 години затвор, откако била прогласена за виновна дека фрлила динамит во спалната соба на своето момче додека спиел, при што тој останал без дел од раката.
Кејона Вадел (35) оваа недела била осудена за нападот што се случил во Дир Парк, Лонг Ајленд. Според информациите од обвинителството, таа по жестока расправија го напуштила домот, но подоцна се вратила со динамит.
Момчето во моментот спиело, а го разбудило „шушкањето“ од експлозивната направа. Во обид да ја фрли, динамитот експлодирал во неговата рака, по што лекарите морале да му ги ампутираат и шаката и дел од раката.
Обвинителите наведуваат дека нападот не бил момент на бес, туку дека жената и претходно неколкупати му се заканувала со динамит во месеците пред инцидентот.
Жртвата изјавила дека никогаш не верувал дека таа навистина ќе ги оствари заканите – сè до ноќта на експлозијата.


