Втор обид за атентат врз Трамп, напаѓачот е идентификуван, наводно бил поддржувач на Украина

Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп е безбеден откако во негова близина имало истрели од огнено оружје, соопшти вечерва неговиот изборен штаб, објави Си Ен Ен.

По вторпат во девет недели, поранешниот претседател Трамп избегна обид за атентат – последниот, во неделата попладне, во неговиот голф клуб во Вест Палм Бич, Флорида, соопштија властите.

Advertisements

Педесет и осумгодишниот Рајан Весли Рут е осомничен за обидот за атентат на Флорида врз Трамп, објави во неделата теелвизиската мрежа Fox News, повикувајќи се на полициски извори, додека Тhe New York Post наведува дека  ја поддржувал Украина во војната со Русија.

– Претседателот Трамп е безбеден по истрелите во неговата близина. Засега нема повеќе детали, изјавил портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг.

Поранешниот претседател, како што пренесе Си Ен Ен, денеска играл голф во Интернационалниот голф клуб Трамп во Вест Палм Бич. По инцидентот клубот бил веднаш затворен.

Њујорк пост, повикувајќи се на полициски извори, објави дека имало престрелка меѓу две лица пред неговиот голф клуб во Флорида.

Весникот наведува дека Трамп не бил во опасност поради иницентот.

Доналд Трамп беше повреден во обид за атентат во Пенсилванија на 13 јули