Уште еден новинар почина во Катар

Катарецот Калид ал Мислам почина додека известуваше од натпреварите на Светското првенство.

Калид ал-Мислам беше фоторепортер, кој работеше за „Галф Тајмс“ и „Ал Кас“, кој почина додека известуваше од Светското првенство во Катар.

Advertisements

Подетални информации не се познати, но „Ал Ка“с се прости од својот новинар со трогателна порака на Твитер и во телевизиска програма.

Ова е втора смрт на новинар во Катар за само два дена, бидејќи на четвртфиналниот натпревар меѓу Холандија и Аргентина животот го загуби познатиот американски фудбалски новинар Грант Вал.