Пукање меѓу две групи пред џамија во Чаир – има ранети

Вечерва се случило пукање пред џамијата позади Поликлиниката во скопски Чаир, објави Локално.мк.

Според информациите на порталот, две групи граѓани отвориле меѓусебно оган, по што имало повредени лица, кои  во моментов се носат во болница.

Како што пишува Локално.мк, нема информации за евентуални жртви од пукањето, а се очекува официјално за настанот да се произнесе и МВР.

Advertisements