Трагедија во Хрватска – загина млад брачен пар, три деца останаа сираци

Хрватските медиуми јавуваат за страшна сообраќајна несреќа во која загинал млад брачен пар.

Несреќата се случила вчера близу Пожега, кај Нови Михаљевац.

„Во неделата на 23.4.2023 година, околу 14.35 часот, во Нови Михаљевац, 41-годишен возач, кој управувал мотоцикл со регистарски таблички од Пожега, влегол со нагло свртување, па возачот изгубил контрола и поради непрописна брзина, тој и сопатникот се лизнале и паднале на спротивната сообраќајна лента“, стои во полициското соопштение.

Advertisements

Починатиот маж и жена биле родители на три деца.

На социјалните мрежи се простија нивните пријатели од мото-клубот „Цунами Пожега“.

„Почивајте во божји мир, драги наши пријатели! Искрено сочувство до семејството“, напишаа тие.

Фејсбук-страницата на мото-клубот „Цунами Пожега“, објави дека во несреќата загинале Креша и Анита Видовиќ, членови на клубот.