(ВИДЕО) Разочарани фанови ја нападнаа Евровизија – „песната на Лорин е плагијат, жирито корумпирано“

Уште не прославена победата на пејачката Лорин од Шведска која ја освои Евровизија се појавија на Твитер коментари дека е плагијат. Оргиналот наводно го изведува пејачка од Украина која ја пеела оваа песна во 2005 година.

Шпанскиот весник ABC, пак, објави дека некои делови од песната имаат елементи од песната на АББА The Winner Takes It All, а рефренот ги потсетува на Euphoriа.

„Жирито гласаше за плагијатна песна. Финците требаше да победат, жирито е корумпирано како и секогаш. Ја изгубив вербата во Евровизија”, пишуваат фанови на социјалните мрежи.

Advertisements

Евровизискиот трофеј на Лорин е втор по ред, таа со песната „Еуфорија“ победи и во 2012 година.