(ВИДЕО) Фановите ја прашаа кога ќе се мажи? – Марија Шерифовиќ оригинална како и во своите песни

Не сакам да се мажам. Мислам дека е бесмислено, хартијата само прави проблем. Ако луѓето се сакаат, каква корист има од таа хартија?, вака им одговори пејачката Марија Шерифовиќ на своите фанови на социјалните мрежи.

Таа вели дека не е против заедница, но дека е против брак.

– Ги разбирам луѓето кои се многу религиозни, па сакаат да направат црковна венчавка. Верувам дека хартијата носи само проблеми, дополнителен товар и најмногу проблеми во моментот кога сакаш да се разведеш – изјави пејачката.

Advertisements

Фановите ја прашаа Марија и дали некогаш била во токсична врска.

– Мислам дека сум била и дека во некоја фаза од животот сите сме биле во врска која не била баш најздрава, одговори Шерифовиќ.