Брнабиќ: Блиску сме до одлуката да побараме враќање на војската на Косово

Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ изјави денеска дека косовскиот премиер Албин Курти ги довел Србите и Албанците „на самиот раб на војната“ и најави дека поради тоа Белград е блиску до одлука да побара враќање на своите војници на Косово и Метохија во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, пренесува „Н1

„Секојдневно не се крши само бриселскиот, туку и кумановскиот договор. Блиску сме до барање за враќање на нашите сили на Косово според резолуцијата 1244, бидејќи КФОР не си ја врши работата. Србите не се чувствуваат безбедно и се физички и опасни по живот, вклучувајќи ги и децата во градинките“, ја пренсува „Н1“ изјавата која Брнабиќ ја дала на белградскиот аеродромот „Никола Тесла“.

Брнабиќ најавила дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ во текот на денот ќе изнесе детали за ова.

Advertisements

Таа оценува дека се што прави Курти е опасност за Србите и Албанците, но и за Европа, притоа додавајќи дека тој има и „помош од партнерите во ЕУ кои не реагираат“..

„Тоа е политика од 18 и 19 век. Тоа предизвикува чувства на очај. Исклучително сум загрижена и ми беше тешко да заспијам минатата ноќ“, изјавила Брнабиќ.