(ВИДЕО) Никола Јокиќ, златното момче на Србија ги шокира Американците, еве што посака за роденден

Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар кој Србија во моментов го има, а според многумина најдобриот играч на светот, наполни 29 години. А, по тој повод даде кратко двеминутно интервју, кое прилично ги изненади Американците, пишува Новости.

Јокиќ најпрвин долго размислувал како да одговори на прашањето каква лекција научил кога имал 28 години, а потоа го прашале следново:

„Што би сакале да ви се случи како 29-годишник?

Очекувајќи одговор во стилот „повторно да бидам шампион во НБА“, или „повторно да ја освојам титулата МВП“, српскиот ас одговори:

– Немам големи цели и големи желби. Само мали, основните. Па, би сакал моето семејство да е здраво, моите коњи да победат… Тоа се моите желби. Ги сакам тие мали победи. Не ми треба ништо големо, само тие мали победи – изјави Јокиќ.