ЗАСТРЕЛАН ПОЗНАТ ПЕЈАЧ: Итно пренесен во болница, лекарите се борат за неговиот живот!

Еден од најпопуларните француски пејачи беше застрелан утрово во Бордо. Кенџи Жирак (27) бил застрелан во градниот кош, по што завршил на интензивна нега. Се уште се бори за живот.

Пејачот Кенџи Жирак се наоѓа во Универзитетската болница во Бордо, нападот се случи рано утринава за време на неговата посета на туристички камп во блискиот Бискарос. „Тој беше во камп за патници каде што беше ранет од истрел од пиштол“, рече изворот.

Полицијата го примила повикот околу пет часот и 30 минути, а кога пристигнала на терен се соочиле со 20-ина лица кои одбиле да дадат каква било информација.

Advertisements

„Во меѓувреме, итната помош укажала помош на тешко ранет маж кој бил застрелан во градниот кош и итно бил пренесен во болница“, додава изворот. Откако беше потврдено дека жртвата е победник на музичкиот натпревар „The Voice“, беше објавено дека пејачот е во животна опасност.

Жирак е татко на едно дете, во 2014 година победи на споменатото музичко шоу. Објави пет албуми и сними дуети со познати колеги од Франција.

Тој често зборувал за тоа како растел во караван и како работел на градилишта откако го напуштил училиштето на 16-годишна возраст, пишува Дејли мејл.