Авиокомпанијата Ер Србија во новата летна сезона ќе лета до 22 нови дестинации – од 4 јуни наредната година ќе почне да лета до Краков, а од 5 јуни до Охрид, четири пати неделно и до Варна.
Авиобилетите за овие нови дестинации се веќе пуштени во продажба.
Билетите за Охрид се достапни по цена почнувајќи од 49 евра. Ер Србија ќе лета четири пати неделно до новите дестинации во Полска, Бугарија и Македонија, соопштија од компанијата „Ер Србија“.
Заедно со Краков, Охрид и Варна ќе има вкупно 22 нови граддови до кои патниците ќе можат да патуваат со „Ер Србија“.
– Горди сме на фактот дека, вклучително и со чартер – дестинациите, во претстојната летна сезона се приближуваме до бројката од речиси 100 дестинации во нашата растечка мрежа, изјави Бошко Рупиќ, директор за комерцијала и стратегија на „Ер Србија“.
Од Охрид преку Белград патниците ќе имаат можност за поврзаност со голем број дестинации од мрежата на „Ер Србија“.