Претседателот Стево Пендаровски на неговиот фејсбук профил ја коментира одлуката на скопскиот Апелациски суд кој вчера ја укина пресудата за случајот „Таргет-Тврдина”, според која поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков беше осуден на 12 години затвор.
„Шокиран сум од одлуката на Апелацискиот суд за случајот „Таргет-Тврдина“, вели Пендаровски.
„Одлуката е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи.
Ваквите одлуки само ја поткопуваат вербата на граѓаните дека се можни вистински реформи во владеењето на правото и борбата против корупцијата“, пишува Пендаровски.
Апелацискиот суд, како што објавивме вчера ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „Таргет-Тврдина“, и ја укина првостепената пресуда.
Предметот сега се враќа во Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување за случајот со масовното прислушување и уништување на опремата на УБК, кривично дело за кое поранешниот директор на УБК Мијалков судот му изрече казна затвор од 12 години.
Мијалков беше обвинет за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Граѓаните да не пијат вода веднаш по нејзиното пуштање - препораки од Институтот за јавно ...
Вознемирувачки докази од бруталното убиство на Вања и Панче откри Обвинителството
Мицкоски: СДСМ ќе продолжи со измислици и монтажи, но важно е дека се враќа чувството на н...
Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ потфрли во сите свои ветувања, се случува сериозно уназад...
Осомничените Груби и Бајрами бараат да им се укине притворот, а им беше одреден поради опа...