Британскиот актер Бернард Хил, најпознат по улогите во „Титаник“ („Titanic“) и филмската триологија „Господарот на прстените“ („Lord of The Rings“), почина на 79-годишна возраст.
Хил го глумеше капетанот Едвард Смит во филмот инспириран од една од најголемите трагедии во 20. век, потонувањето на патничкиот број Титаник во 1912 година, и Теоден во фантастичната трилогија наградена со Оскар.
Агентот на актерот, Лу Кулсон, ја потврди веста за „Би-би-си“, велејќи дека тој починал во раните утрински часови.
Интересно е тоа дека Хил глумеше во два филма кои освоија 11 Оскари – „Титаник“ и „Господарот на прстените: враќањето на кралот“.
Веста на Твитер ја сподели и музичарката Барбара Диксон.
„Со голема тага дознав за смртта на Бернард Хил. Работевме заедно на Џон, Пол, Џорџ, Ринго и Берт, величествената серија на Вили Расел. Навистина прекрасен актер. Беше привилегија да го познавам“, таа напиша на Икс.