На 37 години загина познатиот актер, сакал да ја заштити својата колешка

Американскиот актер Џони Вактор почина во саботата рано наутро откако бил застрелан од мажи кои првично сакале да го ограбат. Џони имаше 37 години и го видовме во 200 епизоди од популарната серија „Општа болница“.

Неговата скршена мајка Скарлет ја потврди трагичната вест за странските медиуми.
Како што рекла, нејзиниот син бил во друштво со колегите кога загинал во херојски чин. Се обидел да заштити колешка кога вооружени крадци ги нападнале и се обиделе да му го украдат катализаторот од автомобилот во Лос Анџелес.

Актерот во саботата околу 3:25 часот го напуштил барот во друштво на колешка, кога околу својот автомобил видел тројца мажи, за кои мислел дека се луѓе кои отстрануваат непрописно паркирани возила. Сепак, се испоставило дека тие се вртеле околу неговиот автомобил поради грабеж.
Полицијата соопшти дека еден од тројцата маскирани крадци го застрелал Вактор, а потоа побегнал со друго возило. Глумецот итно бил пренесен во болница, но за жал им подлегнал на повредите и набрзо била констатирана смрт. Се уште се трага по осомничените.

Advertisements