Руските комичари што го прелажаа Заев ја добија највисоката државна награда на Кремљ

Руските комичари Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров, познати како Вован и Лексус, кои често успеваат да измамат странски политичари, вчера ја добија највисоката државна награда на Кремљ, јави МИА.

Наградата се доделува на руски и странски државјани, а критериуми за добивање е јакнење на мирот, пријателството, соработката и разбирањето помеѓу Русија и другите народи.

Кузњецов и Столјаров минатиот месец објавија снимка од видеоповик со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој падна на нивната измама. Го натераа да помисли дека разговара со поранешниот украински претседател. Камерон со шегаџиите разговараше околу 15 минути за Украина, САД и НАТО.

Advertisements

Руските комичари со години успеваат да измами бројни политичари. Меѓу нив се италијанската премиерка Џорџа Мелони, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, а во 2022 година успеаја да го измамат и тогашниот британски министер за одбрана Бен Валас.

Кузњецов и Столјаров на 9 јули 2019 година објавија видео од телефонскиот разговор со поранешниот македонски премиер Зоран Заев, во кои тие се претставија поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Фото: Спутник