Директорката на американската тајна служба Кимберли Читл денеска поднесе оставка по критиките дека нејзината агенција не успеала да спречи обид за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп на предизборниот митинг во Пенсилванија овој месец, објавија американските медиуми.
Читл вчера беше сослушана пред Комисијата за надзор на Претставничкиот дом за постапките на Тајната служба пред атентатот на Трамп на 13 јули во градот Батлер.
На тоа сослушување, Читл одби да поднесе оставка, велејќи дека таа е најквалификуваната личност да ја предводи Тајната служба, која е одговорна за заштита на претседателот, потпретседателите, нивните семејства и водечките претседателски кандидати
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
Оланд: „Трамп не подготвува мир, туку капитулација на Украина“
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ - Илон Маск го исмејува Зеленски
„Мета“ треба да плати 800 милиони евра казна поради нефер услови на пазарот за социјални м...
Специјален претставник именуван од Трамп ќе преговара за завршување на војната во Украина