(ФОТО) По погребот се огласи сопругата на Синиша Михајловиќ – Сподели фотографија со сопругот и емотивна порака

Погребот на Синиша Михајловиќ беше извршен во вечера во Рим, а тоа беше посебно емотивен ден за Аријана, неговата сопруга.

Со поддршка од семејството и бројните фудбалски легенди, познаници и обожаватели, таа го испрати Синиша во „вечниот дом“.

Аријана реши да објави трета порака на Инстаграм по смртта на нејзиниот сопруг.

Advertisements

„Ви благодарам на сите за поддршката и грижата во овие болни моменти“, напиша Аријана покрај сликата со Синиша од пред неколку години.

Семејството Михајловиќ последните денови добива пораки за поддршка од целиот свет, а погребот во Рим беше многу емотивен.

Синиша и Аријана имаат заедно пет деца – две ќерки и три сина.