ИЗБРИШАНА ОД РЕГИСТАРОТ! Медицинска сестра се обложувала кога ќе починат пациентите

Медицинска сестра од Велика Британија, Наоми Бучер (60), е избришана од регистарот на медицински работници и отпуштена од работа поради низа сериозни пропусти и непрофесионално однесување за време на работата во болницата „Свети Петар“ и „Свети Џејмс“ во Источен Сасекс.

Според наводите на дисциплинската комисија, Бучер за време на работата давала несоодветни и опасни коментари за пациентите, а еден од најшокантните случаи бил кога пред колегите изјавила дека „се обложува дека пациент ќе почине за Божиќ“. Овој коментар предизвикал сериозни реакции и покренал постапка против неа.

Покрај тоа, утврдено е дека на еден пациент му дала доза од седативот „Мидазолам“ која била десет пати поголема од пропишаната, а потоа се обидела да ги прикрие грешките со фалсификување медицинска документација. Во текот на истрагата биле откриени и повеќе други пропусти при давање лекови кои, според наодите, можеле сериозно да ги загрозат животите на пациентите.

Исто така, се наведува дека одбила барање од семејството на еден пациент да го посетат во моментите пред смртта, притоа изнесувајќи несоодветни коментари за нивната заедница (Роми), што дополнително ја влошило ситуацијата.

Иако признала дел од обвиненијата, таа го негирала спорниот коментар за пациентот, но комисијата сепак го прифатила сведочењето на нејзина колешка.

Комитетот за професионална подобност при Советот за медицински сестри и акушерки (NMC) заклучил дека станува збор за „исклучително тешко кршење на професионалните стандарди“ и донел одлука за нејзино трајно бришење од регистарот, оценувајќи дека нејзиното однесување не е во согласност со професијата медицинска сестра.

Advertisements