Трговскиот ланец „Спар Хрватска“ итно го повлекува од продажба производот „FREE FROM леб со семки“ во пакување од 200 грама, поради можно присуство на зголемена количина на цијановодородна киселина.
За повлекувањето информираше Државниот инспекторат на Република Хрватска, наведувајќи дека мерката е преземена од претпазливост за заштита на потрошувачите.
Повлекувањето се однесува исклучиво на производите со следните ознаки:
LOT 260240 – рок на употреба „најдобро да се употреби до 15.07.2026 година“
LOT 260272 – рок на употреба „најдобро да се употреби до 28.07.2026 година“
Надлежните предупредуваат дека производот не е во согласност со европските прописи за безбедност на храната и им препорачуваат на потрошувачите кои го купиле да не го консумираат.
Производот на пазарот го пласирала компанијата „Спар Хрватска“, а дополнителни информации за повлекувањето се достапни на официјалната интернет-страница на компанијата.



