Претседателот на Србија и врховен командант Александар Вучиќ, наредил вооружените сили на Србија и сите единици на Министерството за внатрешни работи да бидат во највисок степен на борбена готовност.
„Претседателот на Србија како врховен командант вечерва нареди српските вооружени сили да бидат на највисоко ниво на борбена готовност, односно приправност на ниво на употреба на вооружена сила“, изјави српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ, пренесува РТС.
„Тоа не издигнува на највисоко ниво на дејствување што го спроведува српската армија, заштитувајќи го територијалниот интегритет и суверенитет на Србија и штитејќи ги сите граѓани на Србија и спречувајќи погром и терор врз Србите каде и да живеат“, изјави Вучевиќ.
И министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ вечерва соопшти дека по наредба на претседателот наредил целосна борбена готовност на сите единици на Минитерството за внатрешни работи.
„Согласно наредбата на претседателот на Републиката и врховен командант на Армијата и вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, наредив целосна борбена готовност на сите единици на МУП, Жандармеријата, САЈ и Полициските бригади, веднаш штом ќе бидат ставени под команда на началникот на Генералштабот и ќе ги заземат позициите предвидени со оперативниот план“, рече министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ..