Уапсениот полицаец Дејан Пантиќ кој ги крена Србите на нозе оди во домашен притвор

Полицаецот Дејан Пантиќ кој беше притворен на Косово поради што Србите организираа протести и блокади денеска со одлука на приштинскиот суд е пуштен во домашен притвор, јавуваат српските медиуми.

Неговото ослободување од затвор беше прво од барањата на Србите.

Пантиќ беше уапсен на административниот премин Јариње додека ги извршувал приватни обврски на почетокот на месецов. Тоа предизвика тензии на северот на Косово и блокади од страна на Србите

Advertisements

Србите и вчера со камиони и трактори го блокираа патот во близина на преминот Мердаре на источната граница на Косово.

Претходно, претседателот на Србија и врховен командант Александар Вучиќ, како што објавивме, нареди вооружените сили на Србија и сите единици на Министерството за внатрешни работи да бидат во највисок степен на борбена готовност. Тој во неколку наврати испрати пораки дека нема да се повлече од барањата за одбрана на српскиот народ на Косово.