Се смируваат тензиите на Косово – Утре започнува отстранувањето на барикадите

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави дека Србите од северот на Косово му пишале дека отстранувањето на барикадите ќе започне утре наутро и ќе трае 24 до 48 часа, пренесува РТС.

По разговорот во касарната во Рашка, тој истакна дека побарале од него никогаш во ниту еден облик да не ја признае независноста на Косово.

Тој додаде дека каква било одлука да донесат ќе има поддршка од српската држава.

Advertisements

„Ако луѓето бидат уапсени поради барикадите, како и да реагираат тие на тоа, ќе имаат поддршка од државата и мојата лична поддршка“, рече Вучиќ.