Иван Џолев повторно избран за претседател на Кривичниот суд

Иван Џолев доби втор мандат како претседател на Кривичниот суд, откако беше единствен кандидат пријавен за позицијата.

На седницата беше посочено дека Џолев е оценет со 200 бода. По неговиот избор, образложувајќи ги причините зошто гласале за Џолев, сите членови на Советот истакнаа дека станува збор за квалитетен кандидат, кој покажал одлични резултати во раководењето со судот во претходниот четиригодишен мандат и како в.д. претседател во изминатиот едногодишен период.

Џолев за првпат на претседателската позиција на Кривичниот суд беше поставен во 2017 година.

Advertisements

На денешната седница треба да се изберат и претседатели на основните судови во Виница и Ресен, а се избираат и судии за Апелација во Гостивар.