(Фото) На небото над Ниш се појави чуден прстен околу Месечината – астрономите велат дека е тоа лош знак

Граѓаните на Ниш во текот на ноќта забележале чудна појава – ореол околу Месечината, го фотографирале, а тамошните новинри побарале објаснување од стручните луѓе.

Астрономите, како што јавуваат српските медиуми, велат дека станува збор за добро познат оптички атмосферски феномен, но дека тоа не е добар знак за нашата планета.

„Она што е на сликата се нарекува ореол. Тоа е оптички феномен кој се јавува во земјината атмосфера кога светлината на Сонцето или Месечината поминува низ тенок слој облаци во кој има кристали од мраз“, објаснуваат од астрономското друштво „Алфа“ за Телеграф.

Advertisements

Според проф. д-р Драган Гајиќ, оваа појава не е многу добра. Тој зборува, вели професорот, за тоа дека загадувањето на воздухот ни е големо. Кога небото е ведро, ореолот околу месечината не може да се види.

Ореолот создаден на овој начин обично е оддалечен приближно 22 степени на лак од Месечината. Понекогаш се случува кристалите да немаат иста големина и форма, па прекршувањето се случува под погрешен агол, обично 46 степени.

„Сите оптички феномени со Месечината што се случуваат, во вид на промена на бојата, ореол и слично, се случуваат во земјината атмосфера. Со Месечината всушност ништо не се случува, туку присуство на одредени елементи во горниот, средниот или пониските слоеви на атмосферата ја тераат месечината да ја промени бојата во некоја друга сенка или да добие ореол како на сликата“, истакнуваат од астрономското друштво „Алфа“.