Поранешниот астронаут Волтер Канингем, кој полета во вселената со „Аполо 7“ во 1968 година како дел од првата мисија „Аполо“ со човечки екипаж, што го отвори патот за 12 слетувања на Месечината во следните години, почина во вторникот на 90-годишна возраст, објави НАСА.
Канингем им се придружи на членовите на екипажот Волтер Шеј и Дон Ајзел во успешната единаесетдневна мисија, која беше извршена во ниската орбита на Земјата како прв човечки пробен лет на новото вселенско летало „Аполо“, кое подоцна ќе патува на Месечината.
„Аполо 7“ го означи продолжувањето на програмата за вселенски летови на НАСА, 21 месец по пожарот кој ги уби тројцата членови на екипажот на „Аполо 1“ за време на пробното лансирање кон крајот на јануари 1967 година.
Канингем служел во американската морнарица и маринци и летал во 54 мисии како борбен пилот. Тој беше избран за астронаут во 1963 година, објави вселенската агенција.
„Волт Канингем беше борбен пилот, физичар и претприемач – но, пред сè, тој беше истражувач“, се вели во соопштението на НАСА во кое ја објави неговата смрт.
Today we mourn the passing of Walt Cunningham: U.S. Marine, patriot, and Apollo astronaut.
Cunningham spent 11 days in low-Earth orbit during Apollo 7, the first crewed Apollo flight, and was instrumental to our Moon landing’s program success: https://t.co/VrXhOwQwYd pic.twitter.com/8uquEjdxM7
— NASA (@NASA) January 3, 2023