(ВИДЕО) Екологисти ја бојадисаа влезната врата на француската влада поради нејзината „криминална неактивност“

Активисти на еколошкиот колектив „Последно реновирање“(Derniere Renovation) испрскаа портокалова боја на влезната врата на седиштето на француската влада во Париз за да ја осудат „неактивноста на властите“ во решавањето на проблемот со климатските промени.

Околу пладне, двајца активисти успеаја со противпожарни апарати наполнети со портокалова боја да испрскаат дел од фасадата и влезната врата од седиштето на Владата во делот каде што се наоѓа кабинетот на премиерката Елизабет Борн, која беше министерка за екологија во 2019 година и 2020 година.

Потоа на социјалните мрежи се појавија видеа од акцијата, а жандармеријата ги приведе активистите.

Advertisements

Колективот најави дека активистите ќе продолжат да користат ненасилни средства за бунт се додека владата продолжи со „својата криминална неактивност“ и ги повика граѓаните да им се придружат во граѓанскиот отпор.