Познатиот пејач се разведува – се растури еден брак што траеше 22 години

Пејачот Ноел Галагер, се разведува од сопругата Сара Мекдоналд. Тие беа во брак 22 години и имаат двајца синови, јавуваат медиумите во Велика Британија.

Британските медиуми пишуваат дека Галагер се иселил од нивната семејна куќа во Хемпшир и живее во Лондон, а за синовите Донован (15) и Сони (12) ќе се грижат заедно. Галагер има и постара ќерка Анаис (22) со поранешната сопруга Мег Метјус.

„Ноел Галагер и Сара Мекдоналд го потврдија разводот. Ноел и Сара заедно ќе продолжат да се грижат за своите деца, кои им се приоритет. Ги молат медиумите да ја почитуваат нивната приватност и нивните семејства во овој момент“, изјавил портпаролот во официјалното соопштение за јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Noel Gallagher’s HFB (@themightyi)