Не посочив ниту еден медиум и тоа може лесно да се види преку снимката која што ја има од прес-конференцијата. Но доколку некој се препознал во тоа што го кажувам и ако тоа е вистина и притоа има потреба од изнивување, тогаш го има моето извинување, рече денеска претседателот на Владата, Димитар Ковачевски запрашан дали ќе им се извини на телевизиите Алфа и Телма.
Тој потенцира дека не постои професија која што не ја почитува и цени.
„Моето појавување во јавноста никогаш однапред не било договорено со некој новинар или уредник. Никогаш не било договорено што треба да ме прашуваат новинарите. Ниту јас или некој министер сум му се јавил на некој сопственик по кој редослед да се емитуваат прилозите во вестите. Оваа транспарентност е мојот принцип на работа. Се залагаме медиумите да работат слободно и да бидат независни и тоа сме го покажале преку емпириски показатели“, рече Ковачевски како одговор на прашањето.