(ФОТО) Џенифер Лопез во уникатна креација на Валентино – овој фустан ќе остане запаметен

53-годишната Џенифер Лопез присуствуваше на премиерата на филмот „Венчавка за умирање“ (Sotgun Wedding“) во Лос Анџелес,  облечена во проѕирен фустан креација на „Валентино“, украсен со златни кристали.

Таа предизвика големо внимание со проѕирниот беж фустан и жолтата панделка врзана за полвина, а фановите како и за многу други работи беа со поделени мислења. Некои сметаат дека креацијата за која се одлучила славната Џеј Ло е раскошна и уникатна и мошне интригантна со панделка под фустанот.

Други пак велат дека таа итно треба да ги смени луѓето кои се грижат за нејзиниот изглед затоа што досега не изгледала полошо.

Advertisements

Како и да е, Џенифер каде и да оди остава прашина зад себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)