Заврши седницата на Владата на Србија – Вучиќ информирал за разговорите со меѓународната „петорка“

Заврши седницата на Владата на Србија, на која на покана на премиерката Ана Брнабиќ присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Претседателот на Србија на седницата ги информирал членовите на Владата за преговорите со претставниците на САД, ЕУ, Германија, Франција и Италија во петокот.

Според најавите, Вучиќ вечерва во 20 часот ќе и се обрати на српската јавност и ќе ја информира за разговорите со таканаречената „голема петорка“.

Засега нема информации како поминала средбата меѓу Вучиќ и членови на Владата.

Advertisements

По седницата, министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ се огласи на Твитер и изјави дека Вучиќ ги информирал за средбата со петорката во петокот.