Владимир Путин е фотографиран во чевли со високи потпетици.
Путин го посети московскиот универзитет Ломоносов и се фотографираше со студенти (на кои претходно им делеше совети за кариера).
Откако Кремљ ја објави официјалната слика, некои веднаш забележаа дека Путин избрал чевли кои додаваат дополнителен сантиметар на неговата фигура.
Инаку, добро е познато дека Путин со години работеше на јавноста да остави впечаток на мажествен и силен лидер.
Се фотографираше со голи гради, јаваше коњи, играше хокеј и многу се трудеше сите тие фотографии да ги изнесе во јавноста. А изгледа дека сега решил да користи штикли за истите потреби.
Ladies and gentlemen, I present Russia’s president. A man so insecure & self-obsessed, that he wears high heeled shoes… And in an effort to make himself look even taller, the ? has smaller female students from Moscow’s state university stand next to him. pic.twitter.com/hInBgYkADJ
— Glasnost Gone (@GlasnostGone) January 26, 2023