(Фото) Голема тага во домот на славниот актер од „Сопранови“ – почина неговата ќерка на 25 години, остави бебе на три месеци

Ќерката на Џон Вентимиља (John Ventimiglia), познатиот актер од телевизиската серија „Сопранови“  почина на 25 години.

Трагедијата се случила на 12 јануари, потврди семејството без да ги открие причините за смртта на Одел, јавуваат британските медиуми.

Одел пред само три месеци стана мајка, откако ја роди ќерката Шајло.

Advertisements

„Срцето ни е скршено што мораме да ја објавиме оваа тажна вест. Нејзината сестра и јас сме трогнати од пораките со поддршка и љубов кои ни ги пративте, не бевме свесни дека Одел била мила на многумина. Остави голема дупка во нашите животи“, напиша нејзината мајка Белинда Кејп.

За приватниот живот на Одел малку се знае, нејзините профили на социјалните мрежи не биле отворени за јавноста. Пред смртта работела како келнерка во Бруклин, откриваат нејзини пријатели.