Петковски: Aко Гоце Делчев ги спојува Македонија и Бугарија, тогаш нека се смета за творец на двете држави

Македонските и бугарските историчари да ги отворат сите архиви за Гоце Делчев и ако тој е оној кој ги спојува двете држави, тогаш нека се смета за творец за двете држави, вели Тито Петковски, поранешен претседател на Собранието, во емисијата СТУДИО 10 на ТВ24.

Петковски посочува дека во бугарските архиви може да се најде говорот на Георги Димитров за последниот завет на Гоце Делчев кој сакал да почива во главниот град на независна Македонија, за којашто се борел и залагал и затоа неговите мошти се пренесени во Скопје во времето на Георги Димитров и Јосип Броз.

„Мислам дека Бугарија и Македонија како држави сме 100 години зад визиите на Гоце Делчев“, вели Петковски.

Advertisements