На јавниот повик за здравствени работници кои би се упатиле кон погодените места во Турција од земјотресот само во текот на вчерашниот ден се пријавиле околу 150 лица, соопшти министерот за здравство Беким Сали.
„До доцните часови вчера имав еден список од околу 150 доброволци – здравствени работници, што е огромна бројка и покажува колку нашиот народ е спремен да помогне и во текот на овој ден, се надевам докај 12 часот ќе го имаме прелиминарниот список на доброволци и ќе го понудиме на Центарот за управување со кризи (ЦУК) кој понатаму во комуникација со турските власти преку НАТО ќе известат за расположливите средства, капацитетите – и човечки и материјални кои ги имаме. Воено ги ставивме во понуда и двете комбиња кои се специјализирани за интензивна нега кои ги добивме како донација за Педијатриската клиника. И тие две комбиња кои се специјализирани и комплетирани со два тима – доктор, возач и медицинска сестра, се спремни да заминат до погодени места“, изјави министерот Сали.