По долго и тешко боледување почина легендарниот тренер Ќиро Блажевиќ

Почина Мирослав Ќиро Блажевиќ, легендарниот хрватски селектор и поранешен селектор на фудбалската репрезентација на Хрватска. Тој ја загуби долгата борба со ракот на 88-годишна возраст.

Болеста првпат му беше дијагностицирана во 2011 година, двапати ја победи, но за жал третпат не успеа.

Advertisements

Хрватската фудбалска репрезентација ја предводеше на 73 натпревари, а ја донесе и до светска бронза во Франција во 1998 година.

Својата блескава тренерска кариера Блажевиќ ја започна во Швајцарија, во нисколигашот Вевеј, потоа го презеде Сион со кој го освои првиот тренерски трофеј, Купот на Швајцарија во 1974 година. Ги предводеше и Лозана Спорт а во 1976 година ја водеше швајцарската фудбалска репрезентација на два меча. По враќањето во Југославија работеше во Риека, Динамо.

Покрај Швајцарија, беше селектор и на Југославија и Хрватска, а на клупско поле раководеше со клубови во уште шест земји: Франција (Нант, 1988-1990), Грција (ПАОК, 1991/1992), Словенија (Мура 2003) и Кина (Шангај Шенхуа, 2010).