Спасувачите се борат за три животи под урнатините во Турција

Спасувачите не се откажуваат од потрагата и спасувањето и 12 дена по земјотресот во Турција, а термалните камери и звукот што доаѓа од под урнатините на станбената зграда „Дефне“ во Хатај укажуваат дека меѓу затрупаните има живи луѓе.

Се верува дека повеќе од 20 луѓе се затрупани во урнатините на зграда во Хатај, но термалните камери открија дека некои од нив се живи. Звукот го слушнале и спасувачите, поради што континуирано трагаат по преживеани.

“Овде синоќа беше извршено детекција на звук и температура. Работата траеше околу 10 часа. Под урнатините има и роднини на наши граѓани. Се наведува дека во урнатините на станбената зграда “Дефне” имало повеќе од 20 лица”, пренесува Си-Ен-Ен Турк

Advertisements

Засега топлина и звук се откриени само кај три лица, додека состојбата на другите лица не е позната.