Гинисовата книга на рекорди е во грешка – рекордер е Александар Вучиќ, а не Фидел Кастро

Од Гинисовата книга на рекорди дефинитивно згрешиле кога објавиле дека светскиот рекорд го држи Фидел Кастро, кога се во прашање обидите за атентат врз него, со 638 ​​атентати. Очигледно, тие намерно го превидиле нашиот лидер, изјави Бојан Пајтиќ, професор на Правниот факултет во Нови Сад, во интервју за Нова.

Тој во интервјуто истакнува дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, секогаш кога е соочен со проблем „посегнува по театарска тактика, драматизација на ситуацијата и искрено се плашам за удбашкиот фонд, бидејќи тоа е очигледно дека наскоро ќе им снема оружје ако продолжат да ни ги продаваат овие приказни за атентати“.

Advertisements

„Ништо не релативизирам. Екстремната десница му е четврто дете, а сите досегашни атентати се покажаа како атентати под знаците на наводници. Кога некој постојано ве лаже, тогаш веќе не верувате дури и да постои реална опасност. Во секој случај, Вучиќ и неговите колеги, и како радикали и како прогресивци, го поддржаа наративот дека „предавниците треба да висат“, дека „треба да им се суди“, дека „за еден Србин треба да се убијат 100 муслимани“, „дека Ѓелиќ и Тадиќ не смее да се врати на аеродромот во Белград доколку потпишат договор со Европската унија“, додаде Пајтиќ.