(ВИДЕО) Шефот на германската држава се најде во необична ситуација во Малезија

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, на барање на чуварот во малезискиот центар за диви животни, морал да ја прекине својата прес-конференција и да се премести на безбедно растојание.

Причината била тоа што орангутанот Едвин, еден од најголемите примероци во Центарот за диви животни Семенгох на малезискиот дел на островот Борнео, се упатил кон шефот на германската држава, кој во саботата ја завршуваше посетата на Малезија.

„Ова е прв пат да се сретнам со овој вид, иако генетскиот материјал наводно е многу сличен на нашиот“, изјавил Штајнмаер по настанот, кој не го сметал за опасен.

Advertisements

Тој низ смеа рекол  дека „оние кои се попознати со животните и нивното однесување“ во паркот го советувале дека „во секој случај“ е подобро да се избегнат проблемите.