Шокантна приказна на фудбалер кој го преживеа земјотресот – „кога скокнав од вториот кат видов дека мојот соиграч крвави“

Минуваат денови, а впечатокот останува по страшните земјотреси кои го погодија истокот на Турција и регионот на Малатија и Газиантеп, во кои животот го загубија повеќе од 30.000 луѓе, а беше причинета и огромна материјална штета.

Меѓу загинатите има и многу спортисти, среќата да не ја доживее судбината на своите колеги од теренот ја имаше фудбалерот на Малатија, Бариш Башдаш, кој бше вклучен во директен пренос на националната германската телевизија ЗДФ, за да говори како тој ја преживеа трауматичната ноќ.

Advertisements

Вели дека во моментот на земјотресот спиел.

„Одеднаш почнавме да се тресеме. Се разбудив и почнав да гледам наоколу, по три-четири секунди само паднав од креветот. Како да ни падна атомска бомба“, рече Башдаш.

Паниката потоа му се вовлекла во коските.

„Тогаш почнав да трчам. Снема струја. Камења и прашина излегуваше од ѕидовите. Скокнав од вториот кат и го истегнав зглобот. Кога скокнав видов дека мојот соиграч крвари“, продолжи фудбалерот на Малатија.

Временските услови беа многу лоши, бидејќи студот само го надополни товарот на спасувачите и повредените.

„Времето беше многу студено. Луѓето беа во кратки алишта, бидејќи во тој момент спиеја, а надвор всушност се мрзнеше. Многумина не можеа да се вратат во своите домови да облечат нешто топло“, нагласува Башдаш.